Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Ханс Флик, го сподели мислењето за претстојното Светско првенство во Катар 2022 година.
„Имам многу познаници кои би сакале да летаат за Катар, но, се откажале од идејата поради различни причини. Затоа што цените им се недостапни, бидејќи состојбата со односот кон хомосексуалците е неприфатлива, затоа што таму се кршат човековите права, бидејќи таму се маргинализирани малцинствата“ – вели Флик.
„Фудбалот треба да биде достапен за секого. Затоа велам дека тоа Светско првенство нема да биде за просечен навивач“ – нагласи селекторот на „панцирите“.