Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас де Лихт, вели дека во Германија се игра многу поагресивен фудбал отколку во Италија.
Тој во текот на летото го напушти Јувентус и се пресели во шампионот на Бундес-лигата.Баварците за неговиот потпис платија 67 милиони евра.
„Во Баерн играте интензивен натпревар поради континуираниот притисок. Во Италија тоа е повеќе како шах, многу повеќе се тактизира. Во Баерн сакам да ја вратам мојата игра што ја демонстрирав за Ајакс“ – изјави 23-годишниот Холанѓанец во интервјуто за – „Де Телеграф“.