Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај е блиску до трансфер во Јувентус. Италијанците сакаат да ја завршат зделката што е можно поскоро, пишува Фабрицио Романо.
Веќе следната недела адвокатите на Јувентус ќе го проверат предлогот на играчот и ќе го дадат своето мислење. Агентите на Депај потоа ќе контактираат со Барселона за да го раскинат договорот.
Мемфис минатата сезона одигра 37 настапи за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 2 асистенции.