Македонскиот судија Александар Ставрев во четврток ќе има нова задача во европските купови. Тој е делегиран за главен арбитар на мечот меѓу Јанг Бојс и Андерлехт во плеј-офот во Конференциската лига.
Негови помошници ќе му бидат Дејан Костадинов и Куштрим Лика, додека четврти ќе биде Александар Грујоски.
Натпреварот се игра во четврток од 19 часот на стадионот „Ванкдордф“ во Берн (Швајцарија).