Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов, денеска
пристигнува во Англија каде треба да ги мине задолжителните лекарски прегледи пред да стави потпис на договорот со англискиот состав. Како што најавија англиските новинари, Чурлинов треба да потпише 4-годишен договор со Барнли, кој за него на Штутгарт ќе му плати околу 3,5 милиони евра, кои може да се зголемат на околу пет милиони евра преку различни бонуси.
Комплетниот трансфер треба да биде финализиран оваа недела.