Летниот трансфер пазар за Челзи се уште не е затворен, особено во однос на продажбата.
Калум Хадсон-Одои е играчот кој би можел да замине, откако и Томас Тухел призна дека ако цената е соодветна и играчот е подготвен да замине, нема да ја блокира неговата продажба.
„Генерално, никој не се продава и сите се на продажба. Зависи што сака клубот, што сакаат играчите, што мислиме ние и кој е подготвен да плати одредена сума пари“, изјави Тухел.
„За Калум е исто. Тој е дел од групата. Имаше долготрајна повреда и долгорочни проблеми. Има уште пат за да го исполни својот потенцијал, бидејќи потенцијалот е огромен“, додаде германскиот стратег.