23-годишниот уругвајски напаѓач на Ливерпул Дарвин Нуњез го запиша своето име во историјата на клубот, но на погрешната страна поради исклучувањето на домашниот натпревар од второто коло на шампионатот на Англија со Кристал Палас (1:1).
Како што објави „OptaJoe“ на Твитер, Нуњез е само вториот играч во историјата на Ливерпул кој бил исклучен на својот прв натпревар во Премиер лигата на „Енфилд“, по англискиот играч за врска Џо Кол, кој не го заврши натпреварот против Арсенал во 2010 година, исто така одигран на 15. август.
Да потсетиме дека трансферот на Нуњез од Бенфика го чинеше Ливерпул 75 милиони евра. Со играчот беше потпишан договор до 30 јуни 2028 година. Тој веќе постигна два гола за Ливерпул – против Манчестер Сити (3:1) во ФА Суперкупот и во првото коло од Премиер лигата со Фулам (2:2).