Британскиот милијардер Џим Ретклиф има намера да го купи Манчестер Јунајтед доколку клубот биде ставен на продажба. Тоа го пренесува „Sky Sports“.
За почеток, Ретклиф е подготвен да купи барем еде дел од клубот бидејќи имаше извештаи во печатот дека семејството Глејзер планира да собере нова инвестиција во Манчестер Јунајтед и размислува за продажба на малцински удел.
Ретклиф (69) е најбогатиот човек во Велика Британија. Тој е извршен директор на „Ineos Group Ltd“ и сопственик на велосипедскиот тим „Ineos Grenadiers“. Што се однесува до фудбалот, Британецот во 2019 година ја купи Ница за 100 милиони евра. Тој е сопственик и на клубот од швајцарскиот шампионат Лозана.
Да потсетиме, претходно американскиот бизнисмен Илон Маск на својата страница на социјалната мрежа ја објави својата намера да го купи Манчестер Јунајтед, но подоцна ја демантираше сопствената порака пишувајќи дека се работи за шега.