Челзи постигнаа целосен договор за личните услови на Французинот Весли Фофана, со што тој би требало да игра за лондончани.
Според Фабрицио Романо, договорот е веќе готов, но останува најтешкиот дел – двата клуба да се договорат за сумата на трансферот. Лестер продолжува да инсистира на 85 милиони фунти, додека од „Стемфорд Бриџ“ во моментов не сакаат да ја плати таа сума.
Самиот играч го известил клупското раководство на Лестер Сити дека сака да биде продаден. Лондончани веќе дадоа две понуди за 21-годишниот Французин, кои беа одбиени. Тие беа за 63 и 70 милиони фунти. Во секој момент се очекува Челзи да ја достави третата понуда. Фофана стартуваше во првите два натпревари на Лестер во новата сезона.
Се зборува дека за него е заинтересиран и францускиот шампион Пари Сен Жермен.