Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Калум Хадсон-Одои може да го напушти Лондон, објави „Би-Би-Си“.
21-годишниот играч сака да добие што е можно поголема минутажа. Во Челзи не се подготвени засекогаш да се разделат со играчот и можеби размислуваат да го позајмат Англичанецот во друг клуб.
Претходно имаше информации за интерес за Хадсон-Одои од Њукасл, Саутемптон, Јувентус и Борусија Дортмунд.
Хадсон-Одои потекнува од школата на лондонскиот клуб. Во последната сезона од англиската Премиер лига, играчот од средниот ред одигра 15 натпревари на кои постигна еден гол и две асистенции. Играчот поради повреда ја пропушти речиси цела втора полусезона.