Новак Ѓоковиќ очигледно нема да учествува на претстојниот УС Опен. Иако се уште нема официјално повлекување од листата на учесници, ниту пак најава од УС Опен дека Ѓоковиќ е исклучен, организаторите најавија дека ќе ги почитуваат сите протоколи за ковид на државата Њујорк, што значи дека странските државјани кои влегуваат САД мора да се вакцинираат.
Бидејќи Ѓоковиќ не го стори тоа, нема да учествува на претстојниот УС Опен , доколку не дојде до сензационален пресврт. Српскиот тенисер се подготвува иако е свесен дека шансите се скоро непостоечки.