Пјер Емерик Обамејанг по само шест месеци ќе се врати во Премиер лигата и ќе го облече дресот на Челзи.
Барселона и Челзи го договорија трансферот на напаѓачот од Габон. За него Каталонците ќе добијат 22 милиони евра, плус пет милиони во вид на бонуси.
Обамејанг мораше да бара решение по доаѓањето на Роберт Левандовски. Сега за повисока плата ќе направи кам-бек во англискиот фудбал и ќе се обиде да се наметне во нападот на Челзи односно кај Томас Тухел.
Челзи имаше потреба од напаѓач, особено по заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер и Тимо Вернер во РБ Лајпциг.