Доцна синоќа беше извлечена ждрепката за третото коло во англискиот Лига куп. Најзвучната двојка во оваа фаза од турнирот ќе биде средбата помеѓу Манчестер Сити и Челзи.
Натпреварите ќе се одиграат во ноември. Осумкратниот освојувач на трофејот Манчестер Сити ќе се соочи со Челзи, кој пет пати го освојуваше ова натпреварување. Актуелниот освојувач на Лига купот и рекордер по бројот на победи Ливерпул ќе се сретне со Дерби. Противник на Манчестер Јунајтед е Астон Вила, лондонски Арсенал ќе игра против Брајтон, а Тотенхем гостува кај Нотингем Форест.
Преостанатите натпревари од третото коло на англискиот Лига куп:
Лестер – Њупорт
Вест Хем – Блекбурн
Вулверхемптон – Лидс
Бурнемаут – Евертон
Барнли – Кроули
Бристол Сити – Линколн
Стивениџ – Чарлтон
МК Донс – Морекамп
Њукасл – Кристал Палас
Брентфорд – Гилингем
Саутемптон – Шефилд Јунајтед.
Во сезоната 2021/2022, англискиот Лига куп го освои Ливерпул. Во финалето кое се одигра на 27 февруари на Вембли, избраниците на Јирген Клоп го совладаа Челзи во пенал серијата.