Откако беа одиграни последните натпревари од квалификациите за ЛШ познати се сите екипи учесници во групната фаза на ЛШ во новата сезона. Тоа значи дека тројца македонски интернационалци ќе играат во групната фаза на Лигата на шампионите.
Ждрепката ќе се одржи попладне од 18:00 часот, а таму ќе бидат екипите на Динамо Загреб со Адеми и Ристовски, односно Наполи на Ељиф Елмас.
За жал Енис Барди со новиот клуб Трабзонспор не успеа да се пласира во ЛШ. Единствениот дебитант во Лигата на шампионите ќе биде само Ајнтахт Франкфурт кој за прв пат ќе игра во елитата.
Шешири за групната фаза во Лигата на шампионите:
Шeшир 1:
Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Милан, Порто, Ајакс, Ајнтрахт Франкфурт
Шешир 2:
Барселона, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Севиља, Челзи, Тотенхем, Јувентус, РБ Лајпциг
Шешир 3:
Борусија Дортмунд, Шахтјор, РБ Салцбург, Интер, Наполи, Бенфика, Спортинг, Баер Леверкузен
Шешир 4:
Олимпик Марсеј, Клуб Бриж, Селтик, Викторија Плзен, Макаби Хаифа, Динамо Загреб, ФК Копенхаген, Ренџерс