Напаѓачот на Манчестер Јунајтед , Кристијано Роналдо даде зелено светло за преселба во Наполи, објави „La Gazzeta dello Sport“.
Според изворот, зделката за трансферот на португалскиот напаѓач може да биде комплетирана во блиска иднина. Наполи ќе го земе Роанлдо на позајмица, додека Манчестер Јунајтед целосно ќе ја покрие платата на португалскиот напаѓач. За возврат, напаѓачот Виктор Осимен ќе замине од наполитанскиот клуб во Манчестер. Манчестер Јунајтед ќе плати 100 милиони евра за него.
Претходно, тренерот на Наполи, Лучијано Спалети изјави дека секој тренер би сакал да работи со Роналдо.
Во исто време тој истакна дека неговиот клуб нема никакви контакти со Португалецот. Покрај тоа, Спалети ја отфрли можноста да го пушти Осимен, кого го нарече важен играч во тимот. Сега останува да видиме дали се ова само шпекулации или може да се реализира овој трансфер.