Денеска се појави сензационална информација дека Френки де Јонг отпатувал за Лондон без да ја прецизираат целта на патувањето.
Тоа го потврди и видеото на шпанската програма „Ел Чирингито“. Ова, секако, предизвика голем број на шпекулации за иднината на играчот од средниот ред, кој цело лето беше предмет на трансфер шпекулации.
Малку подоцна стана јасно дека играчот од средниот ред навистина патува за Англија, но за венчавката на неговиот добар пријател и поранешен соиграч Дони ван де Бек, кој моментално е играч на Манчестер Јунајтед.
Фабрицио Романо, исто така, подоцна објави дека патувањето на Де Јонг е поврзано со одмор одобрен од Чави и нема никаква врска со неговата иднина како играч на Барселона.