Манчестер Јунајтед постигна начелен договор со Њукасл за голманот Мартин Дубравка.
Според објавата на италијанскиот новинар Фабрицио Романо на својата страница на социјалните мрежи, голманот ќе се пресели кај „црвените ѓаволи“ на позајмица со можност да го купи играчот за околу 6 милиони евра.
Во моментов Манчестер Јунајтед разговара за последните детали од трансферот со Њукасл.
Мартин Дубравка за Њукасл игра од 2017 година. Минатата сезона во англиската Премиер лига, голманот на словачката репрезентација одигра 26 средби на кои прими 35 гола. Осум меча ги заврши со „сува мрежа“.