Пари Сен Жермен успеа да се ослободи од германскиот фудбалњер Јулијан Дракслер, но не и од неговата висока плата. Според информациите, Дракслер заминува во Бенфика, каде ПСЖ сепак, ќе му исплаќа дури 80% од неговата актуелна плата.
Лисабонскиот тим ќе го добие Германецот на позајмица на една година, со обврска да им плати на Французите 2,5 милиони евра. Во договорот за позајмица нема да има откупна клаузула, пишува португалскиот весник Рекорд.