Еурофарм Пелистер в петок го очекува историскиот дуел со Веспрем на „фајнл-фoр“ турнирот на СЕХА лигата во Задар. Тренерот на нашиот тим, Ларс Валтер, улогата на фаворит му ја препушта на унграскиот состав.
„Ние сме тим во изградба, имаме десет нови ракометари и нов тренер и падови и подеми се нормална појава. Нема што да загубиме утре во полуфиналето. Ништо не се знае и сите опции се отворени“ – вели стратегот. Сличен став има и словенскиот голман Урбан Лесјак кој вели дека тимот е подготвен да се натпреварува против најдобрите.
„Првите впечатоци од Битола се одлични. Веднаш почувствувавме дека сме во градот на ракомет. Заслуживме да бидеме тука и да се натпреваруваме со најдобрите“ – вели Лесјак. Натпреварот во арената во Задар е со почеток до 20 часот и 30 минути.