Претседателот на Пари Сент Жермен, Насер Ал Калаифи лично преговара со луѓето од Интер за да го обезбеди потписот на фудбалерот, Милан Шкрињар.
Французите испратија понуда од 70 милиони евра која беше веднаш одбиена од „нероаѕурите“.
Сепак, според одредени наводи, пречка за трансферот не се парите, туку, неможноста на италијанскиот тим да обезбеди соодветна замена за словачкиот дефанзивец.