Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, отворено проговори за Кристијано Роналдо кој не успеа да пронајде нов тим и затоа мора да остане на стадионот – „Олд Трафорд“.
„Како што кажав, Роналдо остана. Имаме повеќе од 11 стартери. Играчите кои се на клупата, можат да бидат стартери за една, две или три седмици“ – изјави холанѓанецот.
Неговиот тим влезе во победничка серија откако доцна синоќа славеше на теренот на Лестер со минимални 1-0.