Тренерот на РБ Лајпциг, Доменико Тедеско е отпуштен од функцијата, соопшти клупската прес-служба .
Претходно беше објавено дека минатата сезона Лајпциг под водство на Џеси Марш исто така започна неуспешно и управата на клубот издржа до декември. Овој пат челниците на клубот не му дадоа толку време на тренерот да ја среди ситуацијата. Раководството на германскиот клуб веќе го има првиот кандидат за позицијата на Тедеско.
Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Марко Роуз би можел да стане нов тренер на тимот. Да потсетиме дека Лајпциг освои пет бода на пет натпревари во Бундеслигата и е 11-ти на табелата. Вчера, , тимот загуби од Шахтјор Доњецк во првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.