Болоња го избра Тиаго Мота како наследник за Синиша Михајловиќ на кормилото на тимот. Договорот со поранешниот тренер на Специја е комплетиран и ќе биде со важност од две години, со плата од 1,1 милион евра по сезона за Мота.
Мота се чека да биде на трибините на „Ренато Дал’Ара“ за мечот против Фиорентина, а потоа ќе почне и официјално со работа во клубот.