Милан успеа да се договори со Сандро Тонали за обновување на договорот. Како што објави новинарот Фабрицио Романо, Тонали ќе го продолжи договорот со „росонерите“ до јуни 2027 година.
Во следните часови се очекува клубот официјално да ја потврди соработката. Тонали е еден од најважните фдубалери во тимот и Милан напорно работеше да ја обезбеди неговата иднина на „Сан Сиро“.