Преселбата на Грем Потер од Брајтон во Челзи, ќе биде рекорден трансфер гледано кај фудбалските тренери.
„Сините„ за неговиот ангажман ќе платат 20 милиони фунти и дополнителни два за членовите на неговиот стручен штаб. Портер за договорот кој го потпиша за пет години ќе добие 60 милиони.
Досега најголемата сума која беше платена за тренер е 17,4 милиони фунти. Ја издвои Баерн Минхен за Јулијан Нагелсман кој дојде од РБ Лајпциг.