Тиаго Мота е новиот тренер на екипата на Болоња, официјално соопштија од Серија А. Натпреварот со Фиорентина Мота го следеше од трибините, а утрово го водеше и првиот тренинг на тимот.
Младиот тренер доаѓа на местото на Синиша Михајловиќ. Минатата сезона Мота беше тренер на Специја. Бразилецот, кој како фудбалер настапуваше за италијанската репрезентација, со себе во Болоња ќе донесе седум асистенти.
Пред Мота сега следува многу работа затоа што ќе треба да ја подготви екипата за мечот со Емполи следното коло, а неговата екипа сигирно дека ќе сака повисок пласман на табелата во Серија А.