Напаѓачот на Тотенхем, Лукас Моура може да го напушти тимот во зимскиот преоден рок. Ова го објави дел од медиумите во Англија.
„Да, постои реална шанса Моура да замине. Лукас Моура беше добар играч на Тотенхем во одредени периоди, но Бразилецот не играше толку постојано“ се вели во анализата на ситуацијата со Моура.
Лукас Моура (30) му се приклучи на Тотенхем во јануари 2018 година од Пари Сен Жермен. На 229 натпревари за тимот од Лондон, Бразилецот постигна 46 гола и даде 48 асистенции. Кариерата ја започна како напаѓач во Сао Паоло.
Тотенхем по шест натпревари во англискиот шампионат има 14 бода и е трет на табелата.