Играчот од средниот ред на Баерн, Томас Милер, во пресрет на натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА со Барселона, проговори за шегата на соиграчот Садио Мане.
„Последниве денови Садио Мане постојано на шега ми кажуваше да внимавам случајно да не му ја дадам топката на Роберт Левандовски. На натпреварот со Барселона ќе продолжиме да ја играме нашата игра и нема да се фокусираме премногу на Левандовски“, изјави Томас Милер.
Натпреварот од 2. коло од групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите, Баерн – Барселона ќе се одигра утре, 13 септември, на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен. Средбата започнува во 21:00 часот, а претходно Баерн го совлада Интер, а Барселона ја совлада Викторија Плзен во првото коло.