Пари Сен Жермен размислува да му понуди нов договор на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, објавија дел од француските медиуми.
Според истите, од ПСЖ сакаат да му понудат на Аргентинецот нов договор за период од две години. Раководството на клубот е задоволно од тоа како напаѓачот игра за нивниот клуб. Официјални преговори меѓу страните се уште не се почнати, но треба да почнат по Светското првенство во Катар.
Оваа сезона Лионел Меси одигра седум натпревари во францускиот шампионат и постигна три гола и седум асистенции.
ПСЖ е водечки тим во француската Лига 1. Парижаните во седум кола освоија 19 бода. Во следното коло тимот ќе игра на гости кај Олимпик Лион.