Фудбалската репрезентација на Македонија на крајот од овој месец ја очекуваат последните два натпревари во третото издание на Лигата на нациите. Селекторот Благоја Милевски и неговите избраници имаат тешка задача, потребна е победа со три гола разлика против Грузијците за да се задржат шансите за првото место, а потоа тоа да се потврди сето тоа и во Скопје против Бугарија.
Селекторот имаше мали проблеми со изборот на играчи за средниот ред, па затоа му упати деби повик на Агон Елези од Вараждин, додека Адис Јаховиќ најави репрезентативна пензија и нема да игра за селекцијата.
Повикани фудбалери за дуелите во Лигата на нации:
Голмани:
Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија)
Дамјан Шишковски (Докса, Кипар)
Кристијан Наумовски (Шкупи)
Игор Алексовски (Работнички)
Одбрана:
Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска)
Дарко Велковски (Ал Етифак, Саудиска Арабија)
Висар Муслиу (Инглоштат, Германија)
Езѓан Алиоски (Фенербахче, Турција)
Тодор Тодоровски (Сумгаит, Азербејџан)
Стефан Ашковски (Ламиа, Грција)
Никола Серафимов (МОЛ Види, Унгарија)
Ѓоко Зајков (Ворскла, Украина)
Бојан Димоски (Академија Пандев)
Среден ред:
Елиф Елмас (Наполи, Италија)
Енис Барди (Трабзонспор, Турција)
Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска)
Енис Фазлагиќ (Дунајска Стреда, Словачка)
Агон Елези (Вараждин, Хрватска)
Јани Атанасов (Хајдук, Хрватска)
Стефан Спировски (Пјуник, Ерменија)
Напад:
Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка)
Бојан Миовски (Абердин, Шкотска)
Дарко Чурлинов(Барнли, Англија)
Александар Трајковски (Ал Фејха, Саудиска Арабија)
Ваљон Етеми (Истанбулспор, Турција)
Дориан Бабунски (Дебрецин, Унгарија)
Љупче Дориев (Шкендија)
Македонија ќе ги започне подготовките во Скопје, по што ќе отпатува за Грузија за натпреварот кој е закажан на 23 септември. Пресметката со овој ривал е клучна, па по неа ќе бидат познати шансите на националниот тим. Три дена подоцна на Арената „Тодор Проески“ доаѓа Бугарија, селекција која Македонија не успеа да ја победи во Разград, но секако ќе сака да ја победи пред домашната публика.