Напаѓачот на Баерн Минхен, Лерој Сане ја објасни својата реакција на замената по победата над Барселона во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите.
Поранешниот играч на Манчестер Сити погоди во 54. минута за 2:0, а беше заменет од Матис Тел на 10 минути до крајот. Набргу потоа камерите го фатија како бесно фрла шише со вода околу клупата на Баварците.
„Не бев лут што ме сменија. Бев разочаран од мојата игра. Повеќе сакам да не постигнувам гол, туку да играм добро“, изјави Сане за „Билд“.
Баерн е прв во групата Ц со 6 бодови, а Барселона е втора со 3.