Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, го објави составот на кој ќе се потпре за претстојните натпревари во Лигата на нации со Италија и Германија.
Напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони, влезе во конкуренција. 26-годишниот играч за прв пат е повикан во националниот тим.
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер и соиграчот Лук Шо се вклучени во тимот и покрај тоа што не настапуваа редовно во последните натпревари. На списокот ги нема Маркус Рашфорд и Џејден Санчо.