Легендата на Арсенал, Тиери Анри, верува дека менаџерот на Челзи, Греам Потер, направил грешка што го замени Рахим Стерлинг во натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Ред Бул (Салцбург).
Менаџерот го извади англискиот репрезентативец на само шест минути до крајот, заменувајќи го со Кристијан Пулишиќ. Стерлинг беше видно незадоволен од неговото заминување од теренот.
„Сите ја забележавме реакцијата на Рахим. Не знам зошто Потер го замени, даде гол и можеше да постигне уште еден гол. Ќе биде интересно да се види како менаџерот ќе се справи со тоа бидејќи Стерлинг не изгледаше среќен“ – изјави Анри.