Поранешниот тренер на фудбалерите на Сасуоло, Роберто Де Зерби, може да биде наследник на Макс Алегри во екипата на Јувентус, тврди денеска – „Медиасет“.
„Старата дама“ од Торино влезе во серија на лоши резултати а медиумите започнаа со шпекулации дека Алегри набрзо ќе добие отказ. Што се однесува до Роберто, тој пред неколку месеци го напушти Шахтјор (Донецк) поради војната во Украина.
43-годишниот Де Зерби неодамна ги одбил понудите на Болоња и Монца кои се разделија со нивните тренери.