Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио, кој успеа да постигне гол на мечот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, во континуитет покажува знаци дека не е задоволен од статусот во „кралскиот клуб“.
За погодокот на младиот шпански фудбалер и за неговото однесување, проговори поранешната ѕвезда на „белите“, Предраг Мијатовиќ.
„Голот кој го постигна Марко беше извонреден. Дел од навивачите го свиркаат но, тоа е нормално по тоа што го направи“ – нагласи Мијатовиќ.