Стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано ќе биде целосно срушен како дел од проектот за новиот стадион на локалните гиганти Интер и Милан, кој треба да биде готов за сезоната 2027-2028, објави денеска „Газета дело спорт“.
-Интер и Милан се договорија целосно да го урнат нивниот историски дом“, пишува авторитетниот италијански спортски дневник.
Двата клуба на крајот на 2021 година го одобрија проектот наречен „Катедрала“, кој сега мора да помине на јавна дебата.