Некогашниот напаѓач на Ливерпул, Енди Керол е ново засилување за англискиот второлигаш Ридинг. Тој и официјално се сели во редовите на членот на Чемпионшип лигата како слободен фудбалер.
33-годишниот Англичанец потпиша договор со клубот до 15 јануари 2023 година.
Керол веќе играше за Ридинг во првата половина од минатата сезона, а за Вест Бром во вториот дел.