Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам, проговори за соиграчот и напаѓач во редовите на неговата екипа, Пауло Дибала.
„Дибала е талентиран. Тој е добар во секој поглед. Има лидерски квалитети, иако изгледа на 12 години. Тој ги доби тие вештини освојувајќи трофеи со Јувентус и тоа е она што ни треба. Тоа е добро за тимот и за мене. Мислам дека воспоставуваме добра врска во нападот и добро соработуваме“, изјави Абрахам за „Дејли Меил“.
Да потсетиме дека Дибала се пресели во Рома во летниот преоден рок. 28-годишниот Аргентинец оваа сезона забележа шест настапи во Серија А, постигна три гола и имаше две асистенции. Дибала претходно играше за Институто, Палермо и Јувентус. Од 2015 година, напаѓачот е дел од репрезентацијата на Аргентина.