По проблемите со кои се соочи селекторот на Македонија, Благоја Милевски и најавените отсуства на Стефан Ристовски, Дарко Чурлинов и Ваљон Етеми, ново име е повикано денеска во репрезентативниот состав.
Милевски испрати дополнителен повик за повратникот во репрезентацијата Егзон Бејтулаи. 28-годишниот играч последен пат играше за Македонија во јуни 2021 година против Австрија, а оттогаш не добиваше повици во националниот тим.