Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, вели дека неговите избраници требале да постигнат повеќе голови на дербито со Наполи.
„Росонерите“ вчера во улога на актуелни шампиони на Серија „А“, загубија на домашен терен од екипата на нашиот Елиф Елмаз и се спуштија на петтото место на табелата.
„Не сум задоволен од играта.Нормално е дека сме сите разочарни бидејќи игравме подобро од Наполи“ – вели тренерот на италијанскиот гигант од Милано.