Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја искоментира изјавата на неговиот колега на клупата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој ја спореди играта на „кралевите“ со таа на неговиот тим кога ја освои првата шампионската титула во Ла Лига.
„Точно е тоа што го вели, се браневме со низок блок по двата гола и навикнати сме да го правиме тоа“ – потенцира Анчелоти.
„ Ако Симеоне вели дека сме се бранеле добро со низок блок, тоа значи дека сме завршиле одлична работа“ – изјави италијанскиот стратег.