Англиските фудбалски состави Челзи и Манчестер Јунајтед беа упорни во намерите да го ангажираат Френки де Јонг но, искусниот играч на Барса не сакал да ја промени средината.
„Јас во мај одлучив дека сакам да останам во Барселона. Никогаш не ја променив таа одлука во текот на летото“ – нагласи Холанѓанецот.
„Секогаш сакав да останам во Барселона. Јас и клубот имаме понекогаш спротивставени идеји но, се добро се заврши„ – беа зборовите на Де Јонг.