Нашата фудбалска икона, Горан Пандев, во интервјуто за – „Газета дело Спорт“, потврди, дека на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата.
„По цели дваесет години, време е за крај. Мојот најстар син има речиси 13 години, во минатото го гледав само за време на паузите од една до друга сезона. Сега сакам да му се посветам на семејството“ – вели Пандев.
„Во иднина повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам со нив и да ги гледам нивните натпревари“ – беа дел од зборовите на Пандев.