Дури четворица играчи на Барселона се пожалиле на повреди по натпреварите од програмата во Лигата на нации одиграни синоќа, објавија од „Камп Ноу“.
Французите Жил Кунде и Осман Дембеле се повредија на мечот на Франција со Австрија, а холандските интернационалци Мемфис Депај и Френки де Јонг се повредени по средбата на „портокаловите“ со Полска. Тројца од нив беа дури заменети по дуелите со противничките играчи, а само Дембеле го заврши натпреварот.
Според сите проценки, се чини дека работите се сериозни со Мемфис Депај и Жил Кунде, кои веднаш ќе се вратат во Шпанија. Кај дефанзивецот се работи за истегнување на мускулот.