Селекторот на Шкотска, Стив Кларк, ги пофали репрезентативците кои ја совладаа Република Ирска со 2-1 и се пробија на чело на табелата во групата 1 од дивизијата „Б“ на турнирот во Лигата на нации.
„Знаевме дека ќе биде тешко. Тие добро притискаа и не спречија да влеземе во ритам. Воодушевен сум од играчите“ – вели Кларк.
„Оваа група фудбалери се посветени да играат за татковината. Сега ќе одиме во Краков да играме со добрата селекција на Украина“ – изјави селекторот на Шкотите.