Напаѓачот на австриската репрезентација Марко Арнаутовиќ синоќа на натпреварот со Хрватска (1:3) во Лигата на нации го собори рекордот по бројот на настапи во дресот на австрискиот национален тим.
33-годишниот напаѓач на Болоња го одигра својот 104-ти натпревар за националниот тим и се најде на врвот на вечната листа. Таму досега рекордер беше Андреас Херцог со 103 настапи.