Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, го поддржа Хари Мегваер по уште една слаба партија сега во дресот на Англија.
Стоперот вчера направи две грешки што доведоа до првите два гола за Германија во Лигата на нации. Во првиот случај направи пенал а во вториот, ја загуби топката на противничката половина.
„Сочувствувам со Хари… секоја грешка се казнува а потоа се критикува. Мора да остане ментално силен и да се справи со тоа. Кога не играте континуирано, тоа секогаш има влијание“ – напиша Фердинанд.