Финалето на Светското првенство во 2026 година ќе се игра на стадионот „ATT“ во Далас, обави – „ЕСПН“.
Таму мечевите ги игра НФЛ тимот Далас Каубојс а капацитетот изнесува 80.000 седишта. Сепак, за потребите на Мундијалот ќе има дополнителни 20.000 седишта и финалето ќе се игра пред 100.000 гледачи.
Покрај САД, организатори на Светското првенство во 2026 година се уште и Мексико и Канада. Тогаш за прв пат ќе учествуваат 48 земји поделени во 12 групи. Натпреварите ќе се играат на 11 стадиони во САД, три во Мексико и два во Канада.