Специјализираниот фудбалски портал за статистика – „Whoscored“, за секоја група во Лигата на нации креираше најдобар тим.
Од Македонија, Енис Барди и Дарко Чурлинов, добија место во идеалниот тим во нашата група во Лигата на Нации. Покрај нив има дури седум фудбалерите на грузиската селекција која убедливо го освои првото место и си обезбеди бараж за наредното Европско првенство.
На списокот се наоѓаат и двајца репрезентативци на Бугарија, Недјалков и Десподов.