Аргентина стана првиот учесник на завршницата на Светското првенство во Катар кое се одржува на крајот на годината што ги распродаде сите билети за натпреварите од групната фаза на турнирот.
Победникот на Копа Америка е еден од главните фаворити на обложувалниците за триумф на Светското првенство, а ентузијазмот на навивачите се одрази на брзата распродажба на билетите. Аргентина е во групата Ц заедно со селекциите на Полска, Мексико и Саудиска Арабија. Првиот меч на „гаучосите“ е токму против арапскиот тим и е на 22 ноември.
Според амбасадата на Аргентина во Катар, минимум 25.000 луѓе ќе патуваат во Доха на Светското првенство. Сепак, се очекува реалниот број на присутни навивачи да биде поголем и да достигне 40.000 навивачи.